Свет
7. August 2016 - 10:31

Во Турција уапсени 90 специјалци

Турската полиција вчера уапсила речиси 90 припадници на специјалните сили во рамки на чистката по обидот за преврат, јавуваат денеска турските медиуми.

Тие се уапсени откако биле идентификувани од страна на комисијата на Командата на специјалните сили, јавува Анадолија.

Осомничени се дека имаат врски со имамот Фетулах Гулен, кој живее во доброволен егзил во САД, а за кого турските власти веруваат дека стои зад пучот.