Во Трст откриена нова мутација на коронавирусот
Експертите во детската болница Бурло Гарофоло во Трст откриле нова мутација на Ковид-19 кај две заразени девојчиња, јави агенцијата АднКронос.
Истражување кое е спроведено во соработка со Универзитетот во Милано потврди дека станува збор за многу заразен, агресивен мутант.
Според објавените резултати од истражувањето, мутираната варијанта на вирусот предизвикала повторна инфекција кај неколку возрасни лица кои веќе ја прележале заразата.
– Најмногу загрижува можноста што мутациите на вирусот можат да го намалат имунитетот создаден кај луѓе кои биле заразени, како и да ја поништат или намалат отпорноста на коронавирусот стекната со вакцинација, изјави професорката Манола Комар, микробиолог од Универзитетот во Трст, која раководеше со истражувањето.
Ново на Сител
-
Осми „Марш на ангелите“ во Кочани
-
Арсовска достави докази
-
Тема на денот со Јана Белчева Андреевска, независна листа - „Шанса за Центар“
-
„Охрид трчаТ“ по деветти пат
-
СДСМ: 150 дивоградби во Чаир - урбаната мафија хара
-
Партиите со мeѓусебни обвинувања за трагедиите во модуларната болница и дискотеката “Пулс”
-
Почна полагањето на државната матура – 15.000 ученици на жешките столчиња
-
Отворен ден на штипските средни училишта