Македонија
1. September 2016 - 12:25

Во Тетово учениците Македонци се враќаат во централната зграда на гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“

Враќање на ученците Македонци по скоро петанесет години во централната зграда од гимназијата , во Тетово и заеднички состанок во текот на следните денови на родителите на учениците, наставниот кадар, локалната власт  и претставници од министерствата за образование и наука и транспорт и врски со цел изнаоѓање на решение за надградба и доградба на зградата од гимназијата.

Ова се заклучоците од состанокот што утринава управата на гимназијата, наставниот кадар, како и родителите на учениците Македонци го имаа со градоначалничката на општина Тетово Теута Арифи и претставниците на секторот за јавни дејности во чија надлежност е образованието во општина Тетово.

- Проблемот со учениците од  македонска настава во гимназијата кои учеа на други места е затекнат од оваа општинска администрација и ние досега се обидуваме на различни начини да го олесниме неговото решавање. Денеска одлучивме учениците Македонци да се вратат во централната зграда  и сите ученци да учат во централната зграда, а управата на гимназијта се задолжува да го организира наставниот процес согласно новите потреби со меѓусмени или во три смени. Ние секогаш сме се залагале за интегративни решенија согласно европските стандарди и логика дека ученците треба да учат во исти простории и исти вредности и да имаат еднакви перспективи. Презедов и обврска следните денови да се закаже состанок со министерот за образование и наука како и министерот за транспорт и врски заедно со родителите и наставниците со цел полесно да дојдеме до решение за надградба и доградба на постоечкиот објект за што ние имаме идејно решение кои претходно не беше прифатено од министерството за образование поради надминување на ширината од маркицата на парцелата. Сметам дека има простор за изнаоѓање на коректно решение во интерес сите ученци да ја следат наставата непречено на едно место и во една зграда, изјави Арифи.

Претходно, учениците Македонци заедно со дел од нивните родители и професорите не ја започнаа наставата во зградата на работничкиот универзитет и основното училиште „Гоце Делчев“ каде во изминатите две години беа дислоцирани и каде според нив нема услови за нормално одвивање на наставиот процес туку со протестен марш низ градските улици пристигнаа пред општината.

Според најавите од Арифи денеска ќе се изврши прием на ученците во прва година од гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“.