Во Тетово гласањето без нарушувања, најмала излезност во Јегуновце 12 отсто
Според информациите од општинските изборни комисии изборниот ден во Тетово и останатите четири рурални општини во тетовско изминува мирно без нарушувања на изборниот процес.
Претседателите на општинските изборни комисии од регионов велат дека излезноста главно е на ниво од првиот круг.
Најмалку гласачи до 13 часот имало во општина Јегуновце каде 12 отсто од бирачите го искористиле своето право на глас, а најбројни се во Желино 22 отсто. Во Боговиње процентот на излезност е 21, во Теарце гласале 17,7 додека во Тетово 19 отсто од гласачкото тело го остварило правото на глас.
Споредувајќи ја денешната со излезноста до 13 часот во првиот изборен круг, поголем број избирачи во вториот круг го оствариле гласачкото право до пладневните часови, освен во општина Јегуновце, каде за три посто е помала излезноста.
Во Тетово, Теарце, Боговиње и Брвеница бројките се повисоки од еден и пол до три отсто, а најголем раст на излезноста во споредба со првиот изборен круг до 13 часот има во општина Желино од 4,5 проценти.
Ново на Сител
-
Хаос во српското Собрание - повредени неколку пратеници
-
Паузирана американската воена помош за Украина
-
Средба Мицкоски - Орбан во Будимпешта
-
Османи: Албанците нема да дозволат да се одржат локални избори
-
До локалните избори половина година – партиите веќе на терен
-
Работодавачите не прифаќаат минимална плата од 30 илјади денари
-
15.000 жалби за превисоки сметки за струја: За в четврток најавен протест на жителите на Сингелиќ и Арачиново
-
Одложено судењето за сообраќајката во која загина Теодора Ристовска, обвинетиот бил во болница