-->
-->
Во Тетово двајца приведени поради агресивност кон полицајци
-->
Две лица се приведени ноќеска во Тетово на две локации поради агресивност кон полицајци, информира СВР Тетово. Првиот е малолетник, приведен на улица.
-Тој во 0:40 часот на улицата „Борис Кидрич“ во Тетово се однесувал агресивно кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Подоцна околу 4 часот, А.Ч.(26) од Тетово, пред угостителски објект на улицата „Маршал Тито“ во Тетово се однесувал агресивно кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија. И тој бил приведен во станицата во Тетово
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Осомничените кои набавувале сомнителен мазут можно е да одговараат и за екоцид
-
Тема на денот со Фани Каранфилова Пановска
-
Бубрежно болните на дијализа спас гледаат во трансплантација
-
Шокантни сведоштва
-
Ниту обвинителството ниту судот немаат против Јахоски да се брани од слобода
-
Власта бара итни оставки по интерпелациите, судски да свика седница
-
Антикорупциска ќе ги проверува тендерите во Министерството за дигитална трансформација
-
Започна изградбата на македонско-грчки граничен премин „Маркова нога“