Во текот на 2023 година во земјава се родиле 14 деца од мајки помали од 15 години
Според податоците на Државниот завод за статистика, изминатата година во земјава се родиле вкупно 16.859 деца, од кои 122 биле мртвородени. Бројот на новороденчиња во 2023 година е намален за 7,4 отсто, во споредба со претходната 2022 година.
Како што информираат од ДЗС, во текот на изминатата 2023 година се родиле 14 деца од мајки на возраст помала од 15 години. Просечната возраст на мајката при вкупниот број раѓања е 29,6 години, а кај прворотките 28,1 година.
Од вкупниот број новородени, поголемиот дел биле машки деца, односно 50,9 отсто, што значи на 100 женски деца, 103.6 се машки.
Според месецот на раѓање, најголем број се родиле во месец август или 1558 деца. Од ДЗС информираат дека вонбрачни се 2.056 деца или 12,3 отсто од вкупниот број на новороденчиња.
Генерациска година на раѓање на мајката што се појавува како најфреквентна при раѓањето на детето е 1994 година.
Ново на Сител
-
Заклучена врата за излез во случај на опасност, слаба заштита и незаконски огномет - низа пропусти во клубот во Кочани
-
Пациенти од Штип и Кочани се пренесуваат на скопските клиники
-
Повеќе од 4 часа трае информативниот разговор со Крешник Бектеши
-
Повредените хоспитализирани во Скопје и земјите од регионот
-
Коцевски: Се бара краткотраен притвор за 10 лица, ова е ерозија на системот
-
Крешник Бектеши се поврзува околу фалсификуваните лиценци за дискотеката во Кочани
-
Од утре темелна истрага, контрола на сите дискотеки во државата и немилосрдна борба против корумпираниот систем
-
Мицкоски: Ќе има силна кривична одговорност, независно кој од која партија е, на која функција или од која институција