Во тек е пријавувањето за финансиска поддршка од 1.000 денари месечно за електрична енергија – рокот до 19 април
Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини информира дека е во тек Јавниот оглас за финансиска поддршка за потрошена електрична енергија за 2025 година, наменета за граѓаните што спаѓаат во категоријата на ранливи потрошувачи на енергија.
Финансиската поддршка преку намалување на месечната сметка за потрошена електрична енергија изнесува 1.000 денари месечно и се одобрува за период од 12 месеци, почнувајќи од денот на поднесување на барањето. Пријавувањето трае 30 дена од денот на објавување на огласот (до 19 април). Ги повикуваат сите граѓани кои ги исполнуваат условите да аплицираат на време и да не ја пропуштат оваа можност за намалување на трошоците за електрична енергија.
Право на поддршка имаат: домаќинства со едно или повеќе деца со попреченост, корисници на посебен додаток, со вкупен нето доход во 2024 година под утврдените граници (од 42.000 до 80.000 денари, според бројот на членови) и згрижувачи на лица, корисници на надоместок за згрижување, чиј доход не го надминува предвидениот праг (според бројот на членови во домаќинството (од 42.000 до 160.000 денари).
Оние што веќе примаат паричен додаток за енергенси или финансиска поддршка за стари лица не се опфатени со оваа мерка.
Барањето за финансиска поддршка се поднесува со пополнет образец (Образец 1 или 2) и придружна документација. Обрасците се достапни во архивата на Министерството и на веб-страницата: www.ea.gov.mk.
Со барањето е потребно да се достават следните документи: изјава заверена на нотар за точност на приложената документација, фотокопија од Решение за стекнато право на посебен додаток или надоместок за згрижување, фотокопија од последната сметка за потрошена електрична енергија, фотокопија од лична карта на барателот и доказ за членовите на домаќинството.
За дополнителни информации и прашања, граѓаните може да се обратат на: ranlivipotrosu-vaci@energy.gov.mk
Ново на Сител
-
Вечерва заседава извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ
-
Тема на денот со Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи
-
Возачот кој ја прегази Фросина осуден на 12 години затвор
-
Таравари си замина – ВРЕДИ очекува прелет на пратеници
-
Кој ќе биде министер за здравство по заминувањето на Таравари?
-
Фрчковски осомничен за злоупотреба на државни пари, тој вели – срамен притисок врз критичарите на власта
-
СДСМ: Целосен дебакл на надворешната политика - Владата не знае каде тера
-
Јаневска: Дел од приватните факултети штанцаат дипломи – тоа е јавна тајна