Во судот во Солун почна рочиштето за екстрадицијата на Грујевски и Бошковски
Во судот во Солун денеска почна судењето за барањето од македонските власти за екстрадиција на поранешните началници во Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) Горан Грујевски и Никола Бошковски, обвинети од СЈО за предметот „Тврдина и Таргет“.
- Почна судењето, меѓутоа, рочишето е затворено за јавност. Сега дадоа кратка пауза за да ги разгледаат документите што ги достави Владата, по што постапката ќе продолжи, изјави за МИА адвокатот Патар Василев.
Грујевски и Бошковски се во притвор во затвор во близина на Солун. На двајцата им се суди во солунскиот суд и за фалсификуваните пасоши со кои беа фатени на 18 октомври годинава на аеродромот во Солун, кога се обидоа да заминат за Будимпешта.
Претходното рочиште за лажните пасоши не се одржа бидејќи не беше присутен еден од останатите обвинети, кои исто така биле заедно со Грујевски и Бошкоски. Ова судење е одложено за 17 мај 2018 година.
Судењето за лажните пасоши е одвоено од постапката за нивна екстрадиција.
Ново на Сител
-
Мицкоски го повика Филипче лично да му го претстави планот за лидерска
-
СДСМ бара одговорност за Тошковски
-
Денеска нема исписи на пациенти повредени во пожарот во Кочани – 105 во болниците во земјата и странство
-
Детектор анкета: Стабилна поддршка за ЕУ членство, песимизам за прием
-
Големо парче лим откорнато од зграда во Капиштец виси на дрво и може да падне врз минувачите
-
Граѓаните од муслиманската вероисповед денеска го празнуваат Рамазан Бајрам
-
Апел за обука на угостителите
-
Масовна молитва во Тирана