Во судар на камион и автомобил кај Скудриње повредени три лица
Две лица се повредени во сообраќајна несреќа што се случила на регионалниот пат кај долнореканското село Скудриње. По извршениот увид, сообраќајот е нормализиран и се одвива во двата правци.
Од СВР Тетово информираат дека денеска околу 14 часот била пријавена сообраќајна несреќа на регионалниот пат Маврови Анови-Дебар, во која учествувале патничко моторно возило “ауди” со струшки регистарски ознаки управувано од В. Ц. (53) од Дебар и товарно моторно возило-влекач “даф” со скопски ознаки, што го управувал Ј.Д.(45) од Скопје. Во несреќата, возачот и две сопатнички во “аудито” задобиле телесни повреди и пренесени се во дебарската болница за укажување на лекарска помош.
На местото на несреќата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.
За време на увидот во прекин беше сообраќајот за тешки моторни возила, а наизменично се пропуштаа лесни.
Ново на Сител
-
Какви казни има за сквернавење национални симболи?
-
Тема на денот со Методи Хаџијанев, професор по безбедност
-
Дрво падна врз жена во центарот на Скопје, УХМР најавува невреме низ целата држава
-
Македонското знаме повторно се вее на Голем Кораб
-
Дрво падна врз жена во центарот на Скопје, УХМР најавува невреме низ целата држава
-
Дали движењето ЗНАМ ќе ја напушти владејачката коалиција?
-
Македонското знаме повторно се вее на Голем Кораб
-
Самарас: Грција да најде начин да се повлече од Преспа