Во Струмица спортски ден под мотото„Еднакви права-еднаков пристап за сите деца“
Ученици заедно со наставници од Oсновното училиште „Видое Подгорец“ од Струмица организираа спортски ден под мотото „Еднакви права-еднаков пристап за сите деца“. На настанот учествуваа деца со и без пречки и преку спортски игри и натпревари го јакнеа чувството на единство и мотивација за спортување и заедничко натпреварување.
Според Танкица Таукова од „Центарот на заедницата на општина Струмица“, која е носител на проектот, целта е инклузија на децата во училиштето, односно децата со попреченост да бидат вклучени во редовната настава.
- Преку проектот имаме и поттикнување на психофизичкиот развој кај учениците, како што е развивање на нивните моторички перцепции и набавка на опрема, односно давање на значење на предметот по физичко и здравствено образование и тој да не биде заменуван со други часови, рече Таукова.
Во рамки на проектот беа променети и вц шолји во санитарните јазли на училиштето „Видео Подгорец“ за потребите на учениците со попреченост, а се набавени и нагледни средства по предметот физичко и здравствено образоавние, кои ќе помогнат за развој на визио-моторната перцепција и координација кај учениците.
Проектот „Еднакви права-еднаков пристап за сите деца“, кој „Центарот
на заедницата на општина Струмица“ го имплементира во партнерство со училиштето, финансиски е поддржан од Фондација Отворено општество- Македонија (ФООМ).
Ново на Сител
-
СВР Скопје расчисти убиство во обид, поднесена е кривична пријава против едно лице
-
Министерката за образование и наука го честита Меѓународниот ден на студентите
-
Гостиварец физички ја нападнал сопругата, следува соодветен поднесок
-
Герасимовски: Повторен вандализам во Капиштец, обиен багер
-
Израел ги обнови нападите врз Бејрут, погодени станбени области
-
Опожарено возило во Штип
-
Снимка од дворот на Раде Штекли, ова е моментот кога експлодирала бомбата | ВИДЕО
-
УЕФА отвори дисциплинска постапка против репрезентациите на Романија и Косово