-->
-->
Во Струмица се одржува меѓународен фудбалски турнир за млади фудбалери
-->
Во Струмица, Турново и Дојран од денеска до 8 март се одржува третиот меѓународен фудбалски турнир за млади категории „Пандев Куп 2020“ во организација на ФК „Академија Пандев“.
На купот ќе се натпреваруваат над 1.200 млади фудбалери, родени од 2006 до 2011 година од околу 70 фудбалски клубови од пет држави.
Меѓу екипите се младите фудбалери на Партизан од Србија, ЦСКА од Софија, Бугарија, како и од Работнички, Пелистер, Победа, Академија Пандев и други клубови.
Поради појавата на корона вирусот натпреварите ќе се одржат без присуство на публика.
Турнирот се одржува со поддршка на општина Струмица, Агенцијата за млади и спорт, а Фудбалската Федерација на Македонија е спонзор и помагател на овој настан.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЦУК: Активни четири пожари, 15 изгаснати, еден ставен под контрола
-
Во Норвешка, речиси секој нов автомобил е електричен
-
Татко ми ме учеше на македонштина | Дамјан Стојановски | ПРОфесија | Sitel Podcast 104
-
Влада: Ќе се основа Мултифункционален научно-технолошки парк
-
Германската царина откри 1.500 тарантули криумчарени во колачи
-
Јавниот повик за прием на 400 пожарникари завршува во четврток, најдобрите ќе бидат дел од новата специјална единица на ДЗС
-
ЦУК: Активни шест пожари, изгаснати три
-
Алкалоид против Хановер во баражот за групната фаза во Лига Европа