Македонија
12. May 2018 - 12:44

Во Струмица по десетти пат се пееја староградски песни и серенади

На големата сцена во НУЦК „Антон Панов“ во Струмица синоќа се одржа Десеттиот фестивал на староградски песни и серенади „Под кулите на Струмица“.

На Фестивалот учествуваа ансамбли од Македонија и Петрич, Република Бугарија.

- Цел на фестивалот е да се соберат на едно место сите ансамбли за да се провери како ги негуваат песните од своите градови. Покрај тоа, многу ни е значајно да се зачува гардеробата и фрузурите, како и начинот на однесувањето на солистите од групите. Сметам дека овие години направивме еден скок кон автентичното време кога овие групи тоа го правеле, рече Кире Козаров, од НУЦК „Антон Панов“ Струмица.

Фестивалот нема натпреварувачки каракатер, а секоја година е смотра на ансамблите кои ги негуваат староградските песни и серенади.