Во Стопанската комора формиран Клуб на менаџери-претприемачи
Стопанската комора на Македонија формира Клуб на менаџери-претприемачи како нова алатка која ќе го поттикне вмрежувањето на малите и средните компании за нивен постојан раст.
Клубот, соопшти Комората, ќе ги поврзе сите бенефити на едно место и ќе понуди нови услуги за поддршка на малите и средните компании во насока на пронаоѓање деловни партнери, промоции, соработка на домашните со странските компании и создавање синџири на добавувачи, искористување на ЕУ-фондовите, пронаоѓање партнери од Европа, учество на едукативни настани со врвни предавачи од земјата и од странство, користење на арбитражата за решавање на стопанските спорови и брза наплата на ненаплатените побарувања, давање правна поддршка и консултантски услуги, давање стручни анализи од реномирани домашни и меѓународни центри за истражување,....
- Следејќи ги трендовите во европските земји од една, но и потребите и барањата на нашите компании од друга страна, креиравме нова алатка со која ќе им помогнеме на бизнисите за нивен постојан раст. Клубот претставува ексклузивна можност за интегрирање во мрежа на мали и средни компании кои заедно растат, постојано се едуцираат и постигнуваат успех преку искористување на сите поволности од неговата програма и институциите кои се во него вклучени, информира Стопанската комора.
Ново на Сител
-
Возач загина откако удрил со возило во надворешната капија на Белата куќа
-
Тешка сообраќајка на патот Дебар-Маврово, двајца повредени
-
Сообраќајот непречено по наместа влажни коловози
-
Бернар Арно прв на листата на најбогати луѓе во светот, Маск на третото место
-
Драма во Кавадарци: 18-годишник нападнал полицајци кои се обидувале да приведат побегнат затвореник
-
Меси се запиша во историјата на МЛС лигата – Гол и пет асистенции
-
Австралиската полиција уби тинејџер поради напад кој укажува на тероризам
-
Одбележување на 5 Maj - Денот на македонскиот јазик