Во Србија уапсени вкупно 80 лица поради финансиски криминал
Во акцијата на српската полиција уапсени се 80 лица осомничени за најтешки малверзации во областа на финансискиот криминал, сослушувањата на многумина се веќе во тек, a Вишиот суд во Белград ги одреди синоќа и првите притвори, јави Танјуг.
Осомничените кои не се вчера изведени пред обвинителите на сослушување, денеска ќе бидат сукцесивно приведени, а после тоа ќе се одлучува кој ќе биде во притвор, а кој ќе се брани од слобода.
Говорејќи за полициската акција, министерот за внатрешни работи Небојша Стефановиќ рече дека уште еден поголем број кривични истраги се во завршна фаза, и дека ќе има уште доста акции во борбата против криминалот и корупцијата.
Тој додаде дека епилогот на вчерашната акција на МВР се 80 приведени за најтешки малверзации во областа на финансискиот криминал, дека се трага по уште четири лица и оти се поднесени уште 39 кривични пријави.
Златко Пантелиќ од Управата на криминалистичката полиција изјави дека тајмингот на акцијата е одреден врз основа на препораката на ЕК и Владата на Србија за да се испрати порака дека во сите дејности мора да се работи по закон.
Ново на Сител
-
Матните настани за корупција, институциите да ги сфаќаат сериозно
-
Тема на денот со Весна Јаневска, министер за образование
-
Антонио Јолески ја изгуби битката во Управниот суд
-
Мицкоски: Стана пракса амбасадорите да се мешаат во внатрешните работи на државата
-
Мицкоски: Ќе бара ли Софија Бугари и во албанскиот Устав
-
Маричиќ, Шаќири и Бајрами ќе добијат апанажа
-
Поранешно „Македонија пат“ во катастрофална состојба: Изгорело возило вредно 200.000 евра
-
Скапите акцелератори набавени пред една деценија се уште не се во функција на пациентите