Во Србија од 1 јануари поскапува струјата за осум и гасот за 11 отсто
Агенцијата за енергетика на Србија одобри поскапување на струјата и гасот од 1 јануари 2023 година, јави дописникот на МИА од Белград.
Од почетокот на 2023 година цената на киловат час струја ќе биде повисока за домаќинствата за осум проценти, а гасот за 11 отсто.
Според пресметките на Агенцијата за енергетика, сметката за домаќинствата кои трошат во просек по 400 киловати месечно сметката ќе се зголеми за 300 динари.
Оние што ќе се греат на ТА печки и ги вклучуваат навечер ќе имаат повисока сметка и до 1.000 динари.
Граѓаните кои си греат етажно на котли на струја може да очекуваат сметки повисоки за 1.600 динари.
Агенцијата за енергетика е должна еден месец однапред да ги информира граѓаните за поскапувањето на енергенсите.
Министерката за рударство и енергетика Дубравка Ѓедовиќ претходно најави дека од 1 јануари струјата поскапува за помалку од 10 отсто, а гасот за 11 отсто.
Ново на Сител
-
Левица го кандидираше Амар Мециновиќ за градоначалник на Скопје
-
Ќе се ослободат 60 паркинг места во Старата скопска чаршија
-
Продолжува негативниот тренд на намалување на бројот на првачиња
-
Само една компанија се јави на тендерот за 3 мобилен оператор
-
Колкави се шансите некои општини да не изберат градоначалник?
-
Тема на денот со професор Борче Треновски
-
Поголем род и повисока откупна цена на грозјето се очекува годинава
-
Голем пожар на две бараки во скопски Карпош, огнот се гасеше и со ертрактор