Македонија
5. May 2017 - 8:57

Во Софија отворена изложбата „Охридски филиграни" од Мирјана Николоска

Пред бројна публика, претставници на дипломатскиот кор, културни работници и бројни познати јавни личности, синоќа во Софија беше отворена изложбата „Охридски филиграни" од Мирјана Николоска.

Охридски филиграни во Софија

Софиската публика покажа исклучителен интерес за оваа старо занаетско мајсторство специфично за Македонија, претставено преку 35 ракотворби од авторката Мирјана Николоска од Охрид. Изложбата ја отвори директорот на КИЦ на Република Македонија, Васко Шутаров.

Охридски филиграни

Освен публиката во Софија, охридските филиграни ќе може да ги види и публиката во Созопол, во рамките на претстојниот Франкофонски Фестивал „Солеј“.