Во Собранието утре продолженија на три седници
Собранието попладнево во рамки на 20. седница го разгледа Предлог- законот за задолжување со заем кај Меѓународната банка за обнова и развој – Светска банка за финансирање на Проектот за енергетска ефикасност во јавниот сектор.
Предлог-законот е во скратена постапка и целта е да се намали потрошувачката на енергија во јавниот сектор и да се поддржи развојот и спроведувањето на одржлив механизам за финансирање на енергетската ефикасност во јавниот сектор.
Според пратениците од опозициската ВМРО-ДПМНЕ, средствата што ќе се земат по основ на овој заем од 25 милиони евра во целост нема да се искористат за намената како што е наведено во законот. Власта, како што велат, имала можност во изминатите три и пол – четири години да направи многу за енергетската ефикасност во корист на граѓаните.
-Во секоја општина ветивте гасификација, која исто така е поврзана со енегетиката, но ништо од тоа не видовме. Но, вие три и пол-четири години ништо не направивте по однос на енергетско-ефикасни објекти и сега предизборно ги потрошивте парите кои претходно ги позајмивте, а се во износ од 1,5 милијарди евра, рече пратеникот Иван Јорданов од ВМРО-ДПМНЕ.
Пратеничката Маја Морачанин од ДОМ, пак, смета дека ова задолжување е во интерес на животната средина, на граѓаните и финансиски на долг рок ќе овозможи заштеди од буџетот.
Оваа седница, како што соопшти потпретседателот на Собранието Горан Мисовски, ќе продолжи утре во 12 часот, а по неа ќе следат и 25. и 29. седница.
Во фокусот на расправата попладнево беа различни проекти за општините, дел од пратениците обвинија за нови партиски вработувања, за нерационални трошоци, а се осврнаа и на вакцините против КОВИД-19…
Ново на Сител
-
Кршел по дома и фрлал предмети кон полицајци, приведен жител на Драчево
-
Ќерка го истепала својот татко
-
Пожар во стан во Аеродром, едно лице повредено
-
Жената лидер – жената бизнисмен | Ирена Јакимова | Личен развој | Sitel Podcast 064
-
Во Словенија деактивирана бомба од 104 килограми од Втората светска војна
-
По сообраќајката нормализиран сообраќајот на патниот правец Кичево - Гостивар
-
Суспензии и парични казни за Работнички и МЗТ Скопје Аеродром
-
Застапувал странки иако адвокатската функција му била во мирување, кривична за охриѓанец