Во Собранието отворена Женска соба на Клубот на пратенички
Оваа современо уредена соба со симболични национални премиси, ќе биде соба во која Клубот на пратенички ќе функционира, ќе одржува состаноци, средби, ќе прима делегации и ќе се дружи, порача претседателот на Собранието Талат Џафери на отворањето на Женска соба на Клубот на пратенички во Парламентот.
- Тука се прикажани низ слики дел од активностите на нашите драги колешки, а во иднина оваа институционална меморија ќе биде збогатена со се надевам уште многу конкретни резултати од неуморната но толку важна работа на овој Клуб, кој е гласот на таканаречениот „понежен пол“, иако јас не би се согласил со таа констатација бидејќи, низ годините се докажа дека жената е движечка сила, мотор кој има визија, има сила и пред се, има желба да створи поубав свет за нашите деца и за сите следни генерации, рече Џафери.
Нагласи дека денеска практично се реализира неговото ветување што го дал по повод Меѓународниот ден на жената и одбележувањето на 15-годишнината од функционирањето на Клубот на пратенички.
Тогаш, како што рече, кажал дека ќе го следи примерот на шведскиот Парламент и Кралството Шведска, земја со највисок процент на застапеност на жените во политиката и јавниот живот и како претседател на Собранието ќе започне со реализација на проект за чување и промоција на придонесот на жените пратенички и носители на функции во Собранието и неговите работни тела.
- И ете денес, после седум месеци, ние сме тука на отворањето на таа Соба на Клубот на пратенички, која ќе биде скромен, но значаен придонес и оддавање признание за улогата на жените политичари во Собранието на Република Македонија, посочи Џафери.
Ново на Сител
-
Реконструкција и проширување на патот Пеленица – Драчево
-
По 50 години почна реконструкцијата на салата „Работнички“
-
Преглед на вестите од светот
-
Годишно обраќање на претседателката Гордана Сиљановска Давкова пред пратениците
-
Филипче со критики за шест месеци Влада - Повика на државно обединување
-
Мицкоски најавува нови мерки за справување со високите цени
-
Мицкоски: Криминалите во Државна лотарија се многу поголеми од 8 милиони евра
-
Села обвинува за непочитување на волјата на граѓаните на последните избори