Во Собранието одбележување на Меѓународниот ден за намалување на ризикот од катастрофи
Во Собранието денеска ќе се одбележи Меѓународниот ден за намалување на ризикот од катастрофи - 13 Октомври со дебатата „Младите за намалување на ризикот од катастрофи“.
Како што најавуваат од собраниската прес-служба, на настанот воведни обраќања ќе одржат Африм Гаши, претседател на Собранието, Вероник Улман, амбасадорка на Швајцарија, Марина Димовска, генерална секретарка на Собранието и Армен Григорјан, постојан претставник на Програмата за развој на Обеднитените Нации (УНДП).
Додека, пак, тематски обраќања ќе имаат Драгана Бојковска, претседателка на Клубот на млади пратеници во Собранието, Емилија Ангелова, заменик- претседателка на Комисијата за образование, наука и спорт и Илире Даути, претседателка на Комисијата за социјална политика, демографија и млади.
На крајот на настанот е планирано да се одржи дискусија и предлози за вклучување на младите во политиките за намалување на ризиците од катастрофи.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Сашо Клековски, директор на ФЗОМ
-
Наместо гаснење на пожари и краткорочни мерки, онколошките пациенти бараат долгорочен канцер план
-
„Живи ќе изгоревме“, вели патничка од автобусот на ЈСП кој се запали во Сопиште
-
Македонската полиција се засили со нови 497 припадници
-
Земјоделците бараат поедноставни процедури за добивање средства од државните програми
-
Туристичкиот сектор кубури со кадар
-
Одбележан роденденот на Тоше
-
Преглед на вестите од светот