Во Словенија отсега патарина се плаќа само со е-вињетки
Во Словенија од вчера веќе не може да се купи вињетка и да се залепи на ветробранското стакло, како начин на плаќање патарина. Од 1 февруари во Словенија важат само е-вињетки, што значи дека за плаќање патарина сега треба да се посети интернет страницата dars.si и таму да се купи неделна, месечна или годишна виетка.
Купувањето се одвива во неколку чекори, а во прашалникот треба да се внесат бројот и земјата на регистарските ознаки и адресата за е-пошта, на која ќе биде испратена потврдата за плаќање. Купената вињетка е поврзана со регистрацијата на возилото и не може да се пренесе.
Секоја хартиена вињетка купена пред 1 февруари важи до истекот на рокот.
Цената на вињетката не е променета – годишната чини 110 евра, месечната 30 евра, а неделата 15.
Новина е што годишната е-вињетка сега важи една година од датумот на купување, а не, како досега, до крајот на календарската година во која е купена. Во Словенија може да се вози со е-вињета на сите автопати и обиколници.
Ново на Сител
-
Зеленски и Трамп на средба во Белата куќа
-
Тема на денот со Горан Ангелов, директор на Агенцијата за иселеништво
-
Зеленски средба со Трамп во Белата куќа
-
Мицкоски и Ердоган потпишаа договор за формирање совет за соработка на највисоко ниво
-
Странските инвестиции лани надминаа милијарда евра
-
СДСМ бара оставка од Кочоска - Министерката која понижува граѓани не заслужува да раководи со институција
-
Владиниот предлог за разрешување на државниот Јавен Обвинител се уште патува до Судскиот Совет
-
Екс-директорот на Шутка не заврши во Шутка