Во Словенија 380 нови случаи на коронавирус
Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 380 нови случаи на коронавирус, а двајца пациенти починале, објави словенечката влада.
Вкупниот број на заболени од почетокот на епидемијата се искачи на 8.252 случаи, од кои 3.061 се активни, а досега починаа 167 лица. Ниту бројот на хоспитализации не се намалува, па според последните официјални податоци, во болниците има 147 пациенти, од кои 21 се во одделите за интензивна нега. Вчера премиерот Јанез Јанша ја оцени епидемиолошката состојба како многу сериозна и не исклучи заострување на веќе донесените мерки или воведување нови.
Владиниот портпарол Јелко Кацин изјави дека Словенија влегува во критичен период затоа што, според последните податоци, го надминала бројот од 147 заболени на 100.000 жители во текот на 14 дена, што владата го дефинираше како гранична состојба кога треба повторно да се прогласи епидемија.
Ново на Сител
-
Коцевски: Издадена наредба за приведување на седум нови полициски службеници за пожарот во Кочани
-
Едно лице повредено во сообраќајка во Аеродром
-
Затворена шахтата кај ТЦ Скопјанка во Аеродром
-
ИСВ: Путин има ресурси да води војна уште 12 до 16 месеци
-
Посебен режим на сообраќај утре во Скопје
-
На БиХ поради Република Српска и се заканува финансиски крах
-
Кривична пријава за „непријавување кривично дело или сторител“
-
ДКСК утврди регулаторни ризици во Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер