-->
-->
Во Словенија, 1.437 нови случаи на Ковид-19, секој четврти тест е позитивен
-->
Во последните 24 часа во Словенија се потврдени 1437 новозаразени со коронавирусот, а четворица пациенти починале, соопшти денеска словенечката Влада.
Новите 1437 инфекции и секој четврти позитивен тест, според Институтот за јавно здравје (НИЈЗ), претставува значителен пораст во споредба со претходниот ден кога беа потврдени 1100 новозаразени, пренесува Бета.
Во болниците моментално има 398 пациенти кои се лекуваат од ковид-19, од кои 119 се на одделенија за интензивна нега.
Со четири нови смртни случаи, бројот на смртни случаи се зголеми на вкупно 4635 од почетокот на епидемијата.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Во голем пожар во пристаништето Медулин уништени над 30 јахти | ВИДЕО
-
Без струја делови од Чаир и Аеродром
-
Нова рунда преговори меѓу Белград и Приштина за забраната за користење на динарот на Косово
-
Путин го поддржува кинескиот план за мирно решавање на кризата во Украина
-
Стејт департментот му префрли на Конгресот една милијарда долари помош за Израел
-
Состојба на патиштата
-
Променливо облачно со повремен дожд и ретки грмежи
-
ЕУ ќе стационира пожарникари од 12 земји на жариштата на шумските пожари