Во Скопје вчера седум сообраќајки
Сообраќајната полиција во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Скопје изврши увид на седум сообраќајни несреќи, од кои во две е предизвикана материјална штета, а во пет седум лица здобиле полесни повреди.
Како што информира самостојниот инспектор Драган Вељаноски од СВР - Скопје, во текот на изминатиот ден по спроведените контроли над учесниците во сообраќајот од страна на сообраќајната полиција, се откриени и санкционирани поголем број прекршоци.
Санкционирани се тројца возачи кои го управувале возилото под дејство на алкохол поради што се исклучени од сообраќај, седум возачи се движеле со брзина поголема од дозволената, 13 лица го управувале возилото без возачка дозвола, односно нерегистрирано, како и четири почетници кои сториле прекршоци по разни основи.
Затекнати и санкционирани се и 31 возач и лице кои се превезувале на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл зашто не носеле заштитен шлем на главата.
Со помош на специјалното возило пајак се отстранети 76 возила кои го попречувале нормалното одвивање на пешачкиот и моторниот сообраќај.
Одделението за превенција при СВР Скопје вечер во 19 часот во просториите на Полициската станица од општа надлежност Гази Баба ќе одржи сообраќајна поука на која ќе присуствуваат граѓани учесници во сообраќајот во својство на возачи на велосипед со мотор, мопед и мотоцикл кои направиле прекршоци по разни основи. Исто така ќе се организира и сообраќајна поука на тема „Безбедност на мотор“.
Во рамки на проектот за сообраќајна култура на децата во предучилишни установи Одделението за превенција при СВР - Скопје денеска ќе реализира едукативни работилници во градинката „8 Март“, објект “Пржино“, која се наоѓа на подрачјето на општина Кисела Вода.
Од 20 часот на Националната рена „Филип Втори“, во рамки на Лига Европа, ќе се одигра меѓународен фудбалски натпревар меѓу ФК Шкендија и ФК Нефчи. За непречено и безбедно одвивање на сообраќајот за време на натпреварот, сообраќајната полиција ќе преземе соодветни мерки за сообраќајно обезбедување и физичка регулација, а во зависност од моменталните состојби и пренасочување на сообраќајот.
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот