Во Скопје вчера казнети 58 возачи за брзо возење, пајакот отстранил 70 возила
Две лица се здобиле со тешки телесни повреди во две од вкупно осум сообраќајки во текот на вчерашниот ден. Во три сообраќајки со полесни повреди се здобиле три лица, а во три била причинета материјална штета.
Од СВР Скопје информираат дека вчера сообраќајната полиција санкционирала 58 возачи кои се движеле со брзина поголема од дозволената, тројца возачи поминале на крстосница на црвено светло, а двајца возачи не дале првенство на минување на обележан пешачки премин. Еден возач е санкциониран за неправилно престигнување, 14 возачи за не носење заштитен шлем, пет возачи за не користење сигурносен појас и 17 возачи кои користеле мобилен телефон за време на управување на моторно возило.
Од сообраќај биле исклучени 18 нерегистрирани возила.
Затекнати биле 78 возила непрописно паркирани, а со помош на специјалното возило „пајак“, отстранети биле 70 возила.
Ново на Сител
-
Бугарија доби политичка влада, ќе ја предводи Росен Жељазков
-
Трет ден протести на синдикатот на УПОЗ
-
Независниот синдикат на администрацијата на средби во Владата
-
Охрид се подготвува за Водици
-
ЕУ нотираше - отпадот во Македонија не се рециклира
-
Во 2025 година о. Штип очекува да инкасира 60 милиони денари по основ данок на имот
-
Живот зависен од батерии
-
Преглед на вестите од светот