Во Скопје казнети 201 возач, 46 за брзо возење
Во сообраќајни контроли во Град Скопје во текот на вчерашниот ден изречена е вкупно 201 мерка, од кои 46 санкции се за возење повеќе од дозволената брзина.
Како што соопшти МВР, 16 мерки се за возење без возачка дозвола, пет санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила. Изречени се три мерки за користење мобилен телефон при возење, 10 санкции за непрописно престројување на возила, три мерки за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), шест санкции за недавање првенство на мнување на пешаци, четири мерки за возач почетник...
-Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, се наведува во соопштението од МВР.
Ново на Сител
-
Има ли спас за културните институции во Македонија?
-
Трипуновски: Се обврзуваме на трансформација и враќање на достоинството на земјоделците
-
Повеќе повредени во пожар во Чаир
-
Вреди: Коалицијата е стабилна
-
Најголем интерес за инфраструктурни проекти
-
Андоновски: Ќе се гасат нелегалните страни за онлајн коцкање
-
Младите парови нема да плаќаат комуналии во Кисела Вода
-
Преглед на вести од светот