-->
-->
Во Скопје 328 сообраќајни прекршоци, 102 за брзо возење
-->
На територијата на Град Скопје вчера изречени се вкупно 328 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина – 102 санкции, 26 за возење без возачка дозвола, девет за технички неисправни и нерегистрирани возила, 14 за управување под дејство на алкохол, соопшти МВР.
Изречени се 26 санкции за користење мобилен телефон, 15 прекршоци што ги чинат возачите на мотоцикли, 11 за некористење сигурносен појас, шест прекршоци што ги чинат пешаците, пет за возач почетник, 70 санкции за непрописно паркирање.
-Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, нагласува МВР.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Пожарите пустошија големи површини шума - никој не е казнет
-
Дигитална трансформација на водните услуги во ЈКП-ЈА
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Диме Велев, претседател на Сојуз на здруженија на дијабетичари
-
Трајановски најавува градежна офанзива во патната инфраструктура
-
Трет ден комисиска расправа за предлог-буџетот за 2025 година
-
Мицкоски ги повика банките на општествена одговорност
-
СДСМ: Власта ја партизира АЕК