Во Скопје 166 сообраќајни прекршоци, 11 за брзо возење
Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (14.12.2022) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на град Скопје изречени се вкупно 166 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 11 санкции, шест мерки за возење без возачка дозвола, 29 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, пет мерки за недавање првенство на минување на пешаци.
Изречени се четири мерки за користење мобилен телефон при возење, четири санкции за возач почетник, четири мерки за некористење сигурносен појас, три санкции за нерегистрирани возила...
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Ново на Сител
-
Одредени мерки притвор за осомничените
-
Тема на денот со Панче Тошковски, Министер за внатрешни работи
-
Демолирана општинската зграда на Кочани, граѓани фрлаа со камења и јајца
-
Градоначалникот на Кочани си даде оставка
-
Демолирана општинската зграда на Кочани, граѓани фрлаа со камења и јајца
-
Студентите оддадоа почит на загинатите во дискотеката Пулс во Кочани, за влакно спречен инцидент
-
Распит во кочанското Обвинителство и Суд
-
Над 20 осомничени