Свет
27. September 2022 - 9:00

Во Сирија од колера починаа 29 луѓе

Министерството за здравство на Сирија синоќа соопшти дека во земјата од колера починале 29 луѓе.    

На вчерашното тестирање потврдени се 338 случаи на колера, што е најголема бројка откако болеста првпат е регистрирана минатиот месец. Најголем број на починати од колера регистрирани се во покраината Алепо. Според Обединети нации во Сирија има најлоша епидемија на колера во изминатите неколку години.

Колерата е болест предизвикана од бактеријата Вибрио, која се пренесува преку храна и вода. Колерата предизвикува тешка дијареја и губење на вода во телото и може да биде фатална по животот доколку не се лекува.