Во штипскиот дел на Серта активни две жаришта
Не стивнуваат пожарите на планината Серта во штипскиот регион. Денеска активни се жариштата над штипското село Пухче и во околината на приватното ловиште.
Во изјава за МИА градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов посочува дека на терен од рано утринава на овие две жаришта интервенираат пожарникарите од Штип, но и од неколку соседни општини, Армијата, полицијата и ЈП „Македонски шуми“. Вклучени се и ловџиите, како и здруженијата и оф роуд друштвата, а месното население како логистичка поддршка.
Во текот на вчерашниот ден со помош на градежна механизација на штипските јавни претпријатија и на четири градежни компанија, над селата направени се пресеци, со цел огнот да не се префрли во нивни правец.
Професионалците со заштитни униформи и опрема за гаснење, која тежи и 30 килограми на повеќе од 40 степени од земја се справуваат со огнените стихии. Во штипскиот дел на планината Серта со денови беснеат пожари, оставајќи зад себе пустош.
Ново на Сител
-
Реакција Град Скопје на изјава на министерот за локална самоуправа Перински
-
Хуан Мата ќе игра во Австралија
-
Вкупно 18 пожари на отворено до 19 часот, девет активни
-
Министерот Муцунски ги прими копиите од акредитивните писма на новиот амбасадор на Бугарија, Радуков
-
Перински: Не е предизборен поткуп, повикот за финансирање проекти на општините
-
Запрени работите на автопатот Скопје-Куманово кај Хиподром по вонреден инспекциски надзор на барање на Обвинителството
-
Анадолија: Висок американски претставник тврди дека се договорени 90 отсто од договорот за прекин на огнот во Газа и заложниците
-
Во три случаи на три грчки острови спасени над 170 бегалци и мигранти