Во Штип се асфалтираат помали улици во три населби
Почна асфалтирањето на над еден километар помали улички во штипските населби „Пелтеково имање“, „Света Недела“ и „Дузлачки рид“. Раководителот на Одделението за инспекциски надзор во Општина Штип, Тоше Ѓорѓиев на денешната прес-конференција рече дека станува збор за десеттина помали улички во трите населби, кои се во должина од 70 до 100 метри.
- Општина Штип согласно програмата продолжува со втората фаза на асфалтирање улици. Ова е третпат како што Општина Штип презема градежни активности за асфалтирање на сите улички во овие три населби. По завршување на легализацијата на куќите, кој што го овозможи Владата на Р. Македонија општината имаше обврска да ги асфалтира. Ќе бидат асфалтирани вкупно 1.000 метри или 2.000 м/2 асфалт, рече Ѓорѓиев.
Општина Штип за овој инфраструктурен проект од буџетот издвои 1.700.000 денари без ДДВ, а изведувач на градежните работи е фирмата „Коле транс“ од Штип.
Жителите на трите штипски населби велат дека се задоволни што по 23 години ќе можат да се движат по асфалт наместо по кал.
Ѓорѓиев забележа дека во тек е пробивањето на локалниот пат кон штипското село Долани, а градежните активности на оваа локација се одвиваат кај Новакова чешма.
- Овде средства се во висина од 120.000 евра обезбедени преку грант од ИПА фондовите, преку Министерството за финансиисии, рече Ѓорѓиев.
Асфалтирањето на овој пат ќе се реализира во текот на наредната недела.
Ново на Сител
-
Трет ден „Депонијада“ во Кочани
-
Европската комисија го објави Извештајот за напредокот во интеграциите, владата на Мицкоски ветува реформи
-
Тема на денот со Марјан Ристески, заменик министер за економија
-
ВО ЖИВО: Извештај на ЕУ за Македонија
-
Мицкоски: Не сме ние наивни како Ковачевски и Османи
-
СДСМ бара комисиска седница за новиот директор на АНБ
-
Во тек се консултации за нови членови на Комисијата за помилување
-
Уставен не поведе иницијатива за Законите за Бехтел и Енка