Во Штип прв интернационален фестивал на пејачки групи „Астибо Фест 2017“
Првиот интернационален фестивал на пејачки групи „Астибо Фест 2017“ ќе се одржи утре на сцената на Домот на млади во Штип.
Уметничкиот директор на „Астибо Фест 2017“ Ивана Ѓурѓевиќ-Јанков на денешната прес-конференција рече дека на фестивалот кој ќе се одржи утре со почеток во 21 часот ќе настапат пет пејачки групи од Македонија и Бугарија.
- Имаме гости од Бугарија, тоа се ансамблот „Пеј срце“ од Ботевград –Бугарија и ансамблот „Еделвајс“ од бугарскиот град Ќустендил. Како македонски состави ќе се престават „Распеани радовишани“ од Радовиш, ансамблот „Тајфата“ од Крива Паланка и Градски хор Штип, како домаќин на оваа манифестација, рече Ѓурѓевиќ-Јанков.
Претседателот на Градскиот хор-Штип Кире Митев истакна дека очекува поддршка од страна на штипјани и додаде оти ги очекуваат утревечер на летната сцена во Домот на млади, а влезот е бесплатен.
Организацијата на првиот интернационален фестивал на пејачки групи „Астибо Фест 2017“ е на Градскиот хор-Штип, кој се одржува во рамки на манифестација Штипско културно лето.
Ново на Сител
-
Експерти: Лидерската е вовед во политички дијалог, но без големи очекувања
-
Teма на денот со Ивон Величковски
-
Мицкоски и Филипче на чекор до лидерска средба
-
Мицкоски: Милошоски и Филков имале само лош ден што треба да заврши
-
Негативно мислење за разрешувањето на обвинителот Коцевски
-
Дали повисоки казни ќе спречат трагедии како Кочани?
-
Клиниката за физикална медицина се подготвува да ги прими првите пациенти од пожарот во Кочани за рехабилитација
-
На чекор сме до генерален штрајк во цела држава, предупреди ССМ на протестот за повисоки плати