Во Штип на гласање до 9 часот излегле 5,27 отсто од гласачите
Во Штип до 9 часот на гласање излегле 5, 27 отсто од вкупниот број на избирачи информира претседателот на Општинската изборна комисија (ОИК) Штип, Виктор Вацев. Посочи дека без проблем започна гласањето во Штип. Сите 74 избирачки места беа навремено отворени во 07:00 часот утринава. Вкупно 41 489 избирачи имаат право на глас на територија на Општина Штип.
Гласањето се одвива со апарати за читање отпечаток од прст, кои засега функционираат без проблеми. Но, алтернативни решенија има и доколку се појават проблеми со апаратите, се со цел граѓаните да можат да го остварат своето право на глас.
- Засега гласањето се одвива без никакви проблеми, гласањето се одвива со апарати за читање отпечаток од прст, тие функционираат без проблеми, додава Вацев.
Ново на Сител
-
Дел од туристите пребирливи во своите барања на одмор
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори