Во Штип „DigiGirlz“ караванот на Мајкрософт Македонија
Во просториите на Кампус 2, Факултет за информатика при УГД, Штип денеска ќе се одржи „DigiGirlz“, настан во организација на Мајкрсофт Македонија, чија цел е да се инспирираат, едуцираат и поддржат девојки кои сакаат бидат дел од IT светот и СТЕМ професиите.
Како што е најавено, на настанот ќе се обратат Цвета Мартиновска Банде, деканка на Факултет за информатика при УГД, Елисавета Нојковска,Регионален маркетинг менаџер за модерното работно место за 24 држави.
На присутните ќе им се обрати и Ирена Ивановска, раководителка на ИТ про одделот во СЕМОС, Нина Николиќ, координаторка на Swiss EP, проект на швајцарската Влада за поддршка на претприемништвото во Македонија, Ивана Станковиќ, менаџерка за инвестиции на South Central Ventures, Моника Ризовска , менаџерка на Cosmic Development, Јана Клопчевска, доцентка на Технолошко – металуршкиот факултет и Марија Мелкова,претставничка од Microsoft.
Овој настан е дел од караванот на Мајкрсофт Македонија, кој покрај Штип, се одржува и во Скопје, Тетово и Битола.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДС и ДУИ заедно со нивните судии и обвинители во акција за заштита на мазут мафијата
-
Сиљановска од Баку: Обединетите нации се маргинализирани тогаш кога се најпотребни
-
Македонија 5 години во НАТО
-
ЦГК: За две години државата потрошила 8,5 милиони евра за нови автомобили
-
Пациенти алергични на полен ги полнат амбулантите
-
Полицијата го зголеми надзорот
-
Преглед на вестите од светот
-
Осомничените кои набавувале сомнителен мазут можно е да одговараат и за екоцид