Во Северна Кореја шест месеци принудна работа за родителите и пет години казна за децата кои гледаат холивудски или јужнокорејски филмови
Северна Кореја воведе „Инминбан“, што значи дека родителите на детето за кое ќе се утврди дека гледало холивудски филм ќе завршат шест месеци во логор за принудна работа.
Родителите на син или ќерка затекнати дека гледаат холивудски или јужнокорејски филм ќе поминат шест месеци во логор за принудна работа, но и децата кои го гледале филмот исто така ќе се соочат со незамислива казна од пет години, пренесе „Мирор“.
Претходно, родителите кои се прогласени за виновни за „злосторство“ можеа да се извлечат со строго предупредување.
Според извештајот на „Мирор“, севернокорејски извори велат дека Пјонгјанг вовел „Инминбан“ - задолжителен состанок за набљудување во соседството каде наредбите на режимот се пренесуваат на заедниците.
На родителите ќе им биде кажано дека државата повеќе не нуди милост на тие кај кои се пронајдени шверцувани филмови, објави „Радио Слободна Азија“.
„Инминбан“ исто така ќе ги предупреди родителите дека не ги воспитале правилно своите деца согласно социјалистичките идеали на Ким Јонг Ун.
На мета не се само љубителите на филмовите, бидејќи Ким Џонг Ун најави серија построги мерки во врска со танцувањето, зборувањето и пеењето.
Секој за кого ќе се утврди дека се однесува „како Јужнокореец“ исто така ќе добие шестмесечна казна, како и неговите родители.
Ново на Сител
-
Продолжува сведочењето на Палчо
-
Денеска е Велика Среда
-
Посебен сообраќаен режим во Скопје поради одржување на фудбалскиот натпревар Вардар-Црвена ѕвезда
-
Во Собранието ќе заседаваат пет комисии
-
Зеленски: Само украинскиот народ ќе носи одлуки за територијата на Украина
-
Трамп размислува за нови царини за увоз на минерали поради зависноста на САД од Кина
-
Oблачно со сончеви периоди, кон крајот на денот и ноќта локални врнежи од дожд
-
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, коловозите наместа влажни