Во СБ на ОН се подготвува нова резолуција за итен прекин на огнот во Појасот Газа
Во нацртот на новата резолуција за конфликтот меѓу Израел и Хамас, за која денеска треба да се гласа во Советот за безбедност на Обединетите нации (СБ на ОН), се повикува на „итен и одржлив прекин на непријателствата што би овозможил безбеден и непречен хуманитарен пристап до Појасот Газа и итно и безусловно ослободување на сите заложници“, пренесуваат израелските медиуми.
Како и во претходната резолуција за барањето за прекин на огнот, на 9 декември, на која пред СБ на ОН вето ставија САД, новиот нацрт-текст експлицитно не го споменува Хамас, туку нејасно ги осудува „сите недискриминирачки напади врз цивили“, наведува „Тајмс оф Израел“.
Текстот на нацртот ја потврдува поддршката за „решението за две држави“ и ја нагласува важноста од обединување на Појасот Газа со Западниот Брег под палестинска администрација.
Нацртот на новата резолуција на Советот за безбедност беше претставен од арапските земји, а според неименувани добро упатени извори во дипломатските кругови, преговорите за новиот текст се во тек.
Генералното собрание на ОН минатата недела со големо мнозинство усвои необврзувачка резолуција со која се бара итен хуманитарен прекин на огнот во Газа и итно, безусловно ослободување на сите заложници.
Ново на Сител
-
Граѓаните кои сметаат дека сметката за струја е неточна може да поднесат приговор до ЕВН во рок од осум дена
-
Еврокомисијата предлага фонд од 800 милијарди евра за инвестиции во одбраната
-
Апелација ја објави пресудата за Боки 13
-
Њујорк Тајмс: Трамп не ја гледа Украина како сојузник, туку исклучиво преку економски интерес
-
Флик е против враќањето на Нејмар во Барселона
-
Приведен 42 годишник од Чегране, бил баран по потерница
-
Одложен натпреварот Виљареал – Еспањол поради опасност од поплави на стадионот
-
Бузалковски првиот Македонец кој ќе оди на 24 часа Ле Ман