-->
-->
Во САД регистрирани рекордни 5.000 починати од Ковид-19 за 24 часа
-->
Во изминатите 24 часа во САД е регистриран рекорден број на смртни случаи од Ковид-19, покажуваат податоците на Универзитетот Џонс Хопкинс, според кои вчера починале 4.942 лица.
Претходниот рекорд беше на 12 јануари со 4.466 починати од Ковид-19.
Во изминатите 24 часа регистрирани се 119.931 новозаразени со коронавирусот, додека рекордот е на 2 јануари кога имаше 300.282 потврдени случаи.
Од почетокот на пандемијата во САД починаа повеќе од 455 илјади лица. Над 100 илјади се смртните случаи од почетокот на годинава. Повеќе од 26,6 милиони Американци имале коронавирус.
Околу 28 милиони Американци ја примија првата доза од вакцината против Ковид-19, а 6,9 милиони – двете дози.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Зеленски средба со Трамп во Белата куќа
-
Средба Мицкоски - Ердоган
-
Странските инвестиции лани надминаа милијарда евра
-
СДСМ бара оставка од Кочоска - Министерката која понижува граѓани не заслужува да раководи со институција
-
Владиниот предлог за разрешување на државниот Јавен Обвинител се уште патува до Судскиот Совет
-
Екс-директорот на Шутка не заврши во Шутка
-
Гаши: Кривичниот законик ќе се менува по предлог на пратениците, а не по барање на Уставен
-
Ден на ретките болести - Пациентите побараа државата да донесе национална стратегија