Во сабота се очекува да проработи половината од Градскиот пазар во „Глобал“
Во сабота, кога во Струмица е пазарен ден, се очекува да почне со работа половината од Градскиот пазар во Трговскиот центар „Глобал“, информираше Стојан Манев од Здружението “Обнова Глобал“.
Тој додаде дека привршува поставувањето на излозите од внатрешната и надворешната страна на опожарените продавници, а во наредниот период се очекува да почне со работа и другата половина од пазарот, која претрпе најмногу штети од пожарот.
Според Манев, во „Глобал“ е опожарена површина од околу 6 илјади метри квадратни. Целосно изгореле 31 објект, а голем е бројот и на тие што се делумно опожарени.
-Покривот е целосно изгорен и затоа овие денови приоритет е токму тоа. Изведувачот за санација на овој дел не информираше дека се набавени потребните материјали и од вчера почна санацијата на покривот за потоа да може да се продолжи со работа во заедничките простории, рече Манев.
Бранко Ѓоргиев од ЈПКД „Комуналец“, кое стопанисува со Градскиот пазар, информира дека во тек се завршните работи околу подготовките за повторно пуштање во употреба на половината од Градскиот пазар.
-Денеска требаше да извршиме завршно чистење и миење на површините во пазарот, но го одложивме за утре заради завршување на други работи. Таму е обновена електричната инсталација и е пуштено осветлувањето и очекувам утре да завршиме со подготовките за повторно пуштање во употреба на половината од пазарот, рече Ѓоргиев.
Според информациите од претседатеот на Општинската комисија за проценки на штети од елементарни и други непогоди, Ацо Ѓоргиев, тече поднесувањето на барања од страна на сопствениците на тезги и продавници и досега се поднесени вкупно 59 апликации, од кои 44 се од правни субјекти и 15 од физички.
Очекуваат набргу да заврши поднесувањето барања и откако ќе бидат доставени сите, Општинската комисија ќе ги сублимира во заеднички извештај за штетата, која, како збирен извештај, го доставува до Советот на општина Струмица и по неговото усвојување ќе биде доставен до Републичката комисија за проценка на штети, а ќе биде даден на разгледување и во Бирото за судски вештачења.
Во пожарот, кој избувна ноќта на 2 јануари, беше опожарена една третина од Градскиот пазар, повеќе продавници на приземјето и првиот кат, дел од вториот и третиот, а се урна и покривот.
Ново на Сител
-
Мисајловски: Со почит се сеќаваме на револуционерите, Македонија заслужува да биде развиена, прогресивна и безбедна
-
Голем интерес за вакцинација против сезонски грип, досега пријавени над 52 000 лица
-
Сиљановска Давкова помилува десет осуденици
-
Штрајк на наставниците во Грција
-
Претреси во Битола и Македонски Брод, пронајденo оружје и муниција, лишени од слобода две лица
-
Гаши: Значајните историски датуми се потсетник дека треба да дејствуваме заедно во градење современа и просперитетна држава
-
Автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред
-
Претседателката Сиљановска Давкова упати честитка по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба