Во рудникот за олово и цинк „Саса“ 500 дена без повреден рудар
- Рудникот за олово и цинк „Саса“ во Македонска Каменица постигна нов рекорд - 500 дена без повреден рудар. Генералниот директор на „Саса“, Нил Стивенсон истакна дека ова е големо постигнување за безбедоста на рударите, а за нив како менаџмент најважно е што секој рудар по завршената смена во јамата може да си оди дома безбедно кај своето семејство.
- Во последните 18 месеци рудникот вложуваше многу во безбедноста и затоа го направивме побезбеден од порано. Во минатото имаше луѓе кои се повредуваа во „Саса“ и кои што загинаа. Но, бидејќи се фокусиравме пред се на безбедноста ги обучивме нашите луѓе и денеска не се соочуваме со такви проблеми, изјави Стивенсон.
Тој пред новинарите во „Саса“ денеска ја промовираше и новата инвестиција од еден милион евра. Во работната единица Флотација се монтира новиот млин, со што ќе се зголеми производството, но и безбедноста на вработените кои работат во оваа работна единица. Ственсон нагласи дека новиот млин е најнова светска технологија.
Прашан за утрешниот штрајк кој го организира Мултиетничкиот синикат за образование, а кој има и свој огранок во Македонска Каменица, Стивенсон вели дека за него легитимен синдикат е постојниот, односно на СИЕР, со кого имаат и потпишано и колективни договори и со кого работеле на безбедноста и за зголемување на платите на вработените.
- Ние не веруваме дека оваа нова група на луѓе ги застапува нашите вработени. Има законски барања кои овој синдикат треба да ги исполни за да се знае дали навистина ги застапува вработените. Баравме од новиот синдикат да ни дадат доказ дали навистина ги застапуваат вработените во „Саса“ и тие тоа одбија да го направат. Од наша перспектива ние навистина не знаеме кого тие застапуваат, појасни Стивенсон.
Тој забележа дека утрешниот штрајк е нелегален чин, бидејќи Законот за работни односи на сите луѓе им гарантира да одат на работа.
Ново на Сител
-
Трамп ја отвора Белата куќа за брифинзи за инфлуенсери и водители на подкасти
-
Шолц за Си-Ен-Ен: Тоа што Маск го прави е „навистина одвратно“
-
Ким Џонг Ун сака да го зајакне нуклеарниот штит
-
Променливо облачно со повремен локален дожд
-
Вучиќ: Во следните 10 дена ќе одлучиме дали ќе одиме на избори или ќе формираме нова влада
-
Путин: Ако Западот престане да го поддржува Киев, конфликтот во Украина ќе заврши за два месеца или помалку
-
Елмас се враќа во Италија како позајмен играч на Торино
-
Поради магла намалена видливоста на патните правци околу Битола и на патот Тетово – Попова Шапка до Гајре