Во прилепската болница има 30-ина слободни кревети и доволно персонал, стигнуваат волонтери матични лекари
Со новиот ковид-оддел на гинеколошкопто одделение, прилепската болница се вбројува во врвот на општите болници во државава со најмногу слободни места за хоспитализација на пациентите со Ковид-19. Хоспитализирани се 110 пациенти, за жал постојано пристигнуват нови, но располага со 30 слободни кревети и пациентитте се примаат без особени ограничувања.
Како што објаснува инфектологот Мирјана Крстеска, раководител на инфективното одделение, во моментов имаат можност за хоспитализација и нега на пациентите.
– Во моментов се хоспитализирани 106, се примаат нови и бројката е до 110, а на располагање се 140 болнички кревети. Заедно со новиот Ковид-центар кој е на гинеколошкото одделение, сосема одвоено од акушерскиот оддел. Со тоа малку се разлабави работата за да може да примаме пациенти. Во моментов имаме 30 слободни кревети. Може да примаме пациенти без некои ограничувања, изјави Крстеска.
Нема проблем со персонал во моментов, особено со медицински сестри и со болничари и негуватели. На помош пристинуваат матични лекари-волонтери, а досега се четворица.
-Со пероналот сега сме многу подобри. Доаѓаат и од други места. Лекари немаме многу, да признаеме, но имаме доволно медицински сестри и болничари. Имаме волонтери матични лекари. Еден веќе цел месец волонтира, и со други тројца, сега имаме вкупно четворица матични лекари кои волонтираат. Помлади се, но многу добро се снаоѓаат во работата, вели инфектологот Крстеска.
Има доволно и антибиотска терапија, а новите лекови ќе пристигнат откако ќе бидат достапни на Инфективната клиника во Скопје.
Според епидемиолозите, последната недела е иста со претходната. За една недела има 425 новозаразени, активни се 965 случаи. Од речиси 110 хоспитализирани, 53 се на кислородна поддршка. Од почетокот на епидемијата во земјава, повеќе од 2 600 се заразени и 114 починати. Само во последната недела починале 18 лица.
Ново на Сител
-
Од четврток локални врнежи од дожд
-
Википедија на македонски јазик достигна 150 000 статии
-
Споделувањето храна, особено слатки, ја зајакнува емоционалната врска
-
Нептун Македонија со 430.000 денари донирани на СОС Детско Село - Благодарност до клиентите за поддршката
-
Науката потврди: Појадокот со додадени ореви е полезен за мозокот и умствените способности
-
Украинскиот парламент усвои резолуција со која се потврдува легитимноста на Зеленски
-
Владата ги отфрли како шпекулации и неточни наводите на СДСМ и ДУИ за работата на МЖСПП
-
Дебранец узурпирал земјиште и противправно се стекнал со имотна корист од над четири милиони денари