-->
-->
Во Прилеп над 100 учесници на „Крали Марко болдеринг фестивал“
-->
Во Прилеп од утре до 10 април во по шести пат ќе се одржи „Крали Марко Болдеринг фестивалот“. Според организаторот, планинарското друштво „Златоврв“ кое во соработка со локалната самоуправа го организира, пријавени се над 100 учесници од земјава и од Европа.
Ице Белакапоски од планинарското друштво „Златоврв“ нагласи дека фестивалот станува традиција во Прилеп и во нашата земја.
- Пријавени се над 100 учесници, меѓу кои од Србија, Грција, Македонија, Србија, Бугарија, од Словенија, Германија, Словачка. Од оваа година фестивалот е збогатен и со „Хајлајн фестивал“, што значи правиме линии на карпите околу Трескавец со нашите пријатели од Словенија. Потоа ќе направиме видеозаписи со кои ќе го популаризираме Болдерингот, Прилеп и Македонија на светската мапа на овие ектремни спортови, изјави Белакапоски.
Учесниците на фестивалот, како што е најавено, ќе почнат да пристигнуваат од утре, а кампот ќе биде во околината на манастирот Трескавец.
Според Белакапоски, дел од настаните ќе се одржат в петок, околу месноста „Камена Баба“ за да се разгледа теренот.
- Во Прилеп ќе се одржат и неколку работилници, од кои едната е в четврток, во центарот на градот од 17 часот. Дел од учесниците на младите и на заинтересираните ќе им ги објаснат привлечностите и деталите на овој атрактивен спорт. В сабота, од 11 часот е болдер маратонот на карпите кај Трескавец, објаснува Белакапоски.
Прилепскиот градончалник Марјан Ристески потенцира дека Прилеп е на светската мапа на болдерингот како атрактивна дестинација.
- Прилеп на светската мапа станува препознатлив по Болдерингот. Конфигурацијата на карпитево околината создаваат речиси идеални услови заовој атрактивен спорт, вели Ристески.
Дел од учесниците, особено од Словенија и од Македонија ја објаснуваат привлечност на овој спорт.
- Со задоволство пристигнавме на фестивалот. Ќе се движиме врзани за јаже на ленти од 2,5 сантиметри. Тоа е посебна дисциплина, „хајлајн движењето“, се одвива паралелно со искачувањето. Сигурно е, не е опасно, вели Михаил Зупанц од Словенија.
Сара Паноска од Македонија истакна дека психички треба да си подготвен за Болеринг.
- Адреналински спорт е и можеби тоа за мене беше преизвик да се занимавам со искачување на карпа. Малку се девојки кај нас што се занимаваат со Болдеринг. Но, чувството е многу убаво. Со болдеринг се занимавам една година, а ова ми е прво учество во Прилеп, вели Сара Паноска.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Субвенции за сончоглед
-
Преглед на вестите од светот
-
Трет обид за ликвидација на Раде Трајковски Штекли - Фрлена бомба во двор на неговата куќа
-
Собранието ја стартува расправата за буџетот, поднесени над 300 амандмани
-
Таравари до Ахмети: Наместо избори, работете на реформи во партијата и адаптација во опозицијата
-
Утре стартува јавната дебата за реформи во судството
-
Само 12% од компаниите имаат вработени ит експерти, Македонија зад европскиот просек
-
Социјално ранливите се борат со глад