Македонија
9. July 2016 - 10:10

Во Прилеп мотодефиле и вежба за спасување повреден мотоциклист

Мотодефиле и симулациска вежба за брза и ефикасна интервенција при настрадан мотоциклист во сообраќајна незгода ќе се одржат денеска на плоштадот „Методија Андонов Ченто“ во Прилеп.

Организатори на дефилето и вежбата се Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата и Полициската станица Прилеп.