-->
-->
Во Прилеп изведен импровизираниот напад на градот за потсетување на 11 Октомври
-->
Прилеп синоќа ги почна централните чествувања по повод 11 Октомври и 75-годишнината од почетокот на Народноито востание. По тој повод традиционално беше изведен импровизираниот напад на градот со богат огномет, како потсетување на настаните на 11 октомври 1941 година кога со нападот на тогашната полициска станица – Участакот од групите на партизанскиот одред „Гоце Делчев“ беше означен почетокот на Востанието и четиригодишната Револуција.
На камената бина на плоштадот „Александрија“, празникот на прилепчани и на сите жители на Македонија им го честиташе градоначалникот Марјан Ристески нагласувајќи дека во предвечерјето на празникот гордо и со длабока почит се сеќаваме на сите борци кои учествуваа во големата борба за слободна на Македонија и кои своето утре го дадода за ние да го живееме нашето денес.
- Градот- првоборец и херој Прилеп им се оддолжува на сите оние кои несебично го дадоа својот живот, а особено на оние кои во далечната 1941 година, токму од Прилеп, ја започнаа вооружената борба против фашистичкиот окупатор. Затоа, мора заемно да се почитуваме, но мораме да направиме и другите да не почитуваат. Да го почитуваат нашето право како Македонци, да ги почитуваат суверенитетот и интегритетот на Република Македонија, рече Ристески, уверувајќи дека продолжува процесот на развојот на градот.
На камената бина на плоштадот „Александрија“ настапија прилепскиот детски хор „Мали Ангели“ и воениот оркестар на АРМ.
По повод празникот, синоќа во ликовната галерија од домот на културата „Марко Цепенков“ беше отворена изложбата на уметникот Васил Василев, а во големата сала од домот, целовечерен концерт одржа ансамблот „Танец“.
Денеска, од 9.30 часот делегации на локалната самоуправа, на Сојузот на борците, на политички партии и граѓаните ќе положат свежи цвеќиња и ќе им оддадат почит на борците и хероите кои загинаа во НОБ и четиригодишната револуција. Делегациите ќе се поклонат на Могилата на непобедените, во Паркот на Револуцијата, каде се моштите на 650-те борци што ги дал Прилеп, пред бистите на народните херои во Алејата на хероите. Почит ќе им биде оддадена и на првиот председател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов Ченто и на идеологот на Револуцијата Кузман Јосифоски Питу пред нивните споменици во центарот на Прилеп.
Во чест на празникот, на булеварот „Гоце Делчев“ ќе се одржи изложба на оружје и воена опрема на АРМ. Изложбата ја организираат Министерството за одбрана и АРМ. На булеварот, ако дозволи времето, ќе се одржи и изложба на автомобили и олд-тајмери, пред Градскиот сат е изложбата на ракотворби „Килимијата“, а низ улиците на градот ќе биде и трката со стари велосипеди.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Израелска армија во последните 24 часа погодила 230 цели во Газа и Либан
-
Албанија го отвора првиот кластер на преговори за пристапување во ЕУ
-
Без струја неколку скопски населби
-
Почнува грејната сезона во Скопје
-
Седници на две собраниски комисии
-
Македонски државјанин уапсен во Косово - Баран со потерница за издржување казна затвор од 6 години
-
Јужна Кореја објави дека Северна Кореја разнела делови од патот што ги поврзува двете корејски држави
-
Презентација на конечните резултати од Пописот на населението на Црна Гора