19 годишен дилер со нож повредил полицаец при апсење
Основното јавно обвинителство Куманово поведе истрага против 19-годишник осомничен за кривично дело – Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги и психотропни супстанции од член 215 став 1, но и Напад на службено лице при вршење работи на безбедноста согласно член 383 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик.
На 25 март, при личен претрес на осомничениот пред станбената зграда во која живеел, полицијата пронашла околу 10 грама марихуана која претходно ја набавил од непознато лице, ја спакувал во седум помали пакувања и ја наменил за натамошна продажба. Додека му бил вршен претресот, тој од џебот извадил нож и им се заканил на полициските службеници, а со дршката од ножот удрил еден од полицајците, нанесувајќи му телесна повреда.
Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за осомничениот, а Основниот суд во Куманово го прифати предлогот и определи притвор во траење од 30 дена.
Ново на Сител
-
Без струја неколку скопски населби
-
Почнува грејната сезона во Скопје
-
Седници на две собраниски комисии
-
Македонски државјанин уапсен во Косово - Баран со потерница за издржување казна затвор од 6 години
-
Јужна Кореја објави дека Северна Кореја разнела делови од патот што ги поврзува двете корејски држави
-
Презентација на конечните резултати од Пописот на населението на Црна Гора
-
Бајден го предупреди Иран дека обидот за убиство на Трамп би бил чин на војна
-
Состојба на патиштата