Во пресрет на посетата на папата Франциск на Бугарија и Северна Македонија
Поглаварот на Католичката црква, папата Франциск од утре до вторник ќе престојува во прва апостолска посета на Бугарија и Северна Македонија.
За следење на апостолската посета на двете балкански земји се акредитирани околу 60 новинари, фоторепортери и сниматели од целиот свет, кои ќе патуваат заедно со понтифот од Рим до Софија и Скопје и потоа, согласно ватиканскиот протокол, ќе се вратат со него во „вечниот град“.
Меѓу акредитираните медиумски работници има претставници на новинските агенции Ројтерс, Франс прес, Асошиетед прес, ИТАР-ТАСС и АНСА, на телевизиите РАИ и Ен-Би-Си и весниците Стампа, Република, Кориере дела Сера, Месаџеро, Монд и Асахи Шимбун.
Од регионот покрај МИА, посетата на папата во двете земји ќе ја следат и новинари на МРТ, Бугарската национална телевизија (БНТ), софиската НОВА ТВ и загрепскиот Вечерњи лист.
Во пресрет на посетата, меѓу акредитираните новинари внимание привлече фотографија од градски автобус од Скопје на кој се наоѓа портрет на папата и најава за неговиот престој во македонскиот главен град.
Инаку, новинарите што ќе патуваат со т.н. „папски авион“ ќе имаат можност лично да примат благослов од папата или да побараат од него да се помоли за нив или нивни блиски.
Согласно напорите за претставување на Католичката црква во нова слика, папата покрај официјалните средби со владини и верски претставници, во Софија ќе ги посети бегалците сместени во бегалскиот камп „Враждебна“, а во Скопје ќе има средба со млади луѓе припадници на различни верски заедници.
При враќањето од Скопје за Рим, за време на летот, предвидено е папата да има средба со акредитираните новинари на која ќе ги изнесе своите оценки и впечатоци за посетите на Бугарија и Северна Македонија.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ на седници на Извршниот и Централниот комитет ги утврдува предлозите за министри од својата партија
-
Тема на денот со воениот аналитичар Милан Стефаноски
-
Наместо во подземни контејнери штипјани сметот го одлагаат врз нив
-
ВМРО-ДПМНЕ на седници на Извршниот и Централниот комитет ги утврдува предлозите за министри од својата партија
-
Силјановска Давкова: Војната во Украина не е украински, туку европски и светски проблем
-
Ново поскапување на лебот ако се зголеми цената на струјата
-
Дали само итни пациенти се снимале на Институтот за радиологија поради технички проблем во петокот?
-
Детектор: Интернетот и социјалните мрежи штетно влијаат врз децата