Македонија
12. August 2024 - 9:05

Во прекин сообраќајот на патот Прилеп – Градско, кај Заполски мост

Сообраќајот на патниот правец Прилеп – Градско, кај Заполски мост е во прекин, соопшти Авто мото сојузот на Македонија (АМСМ).  Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.

Од АМСМ информираат дека карактеристично за летниот период, на ГП „Табановце“ за влез и ГП „Богородица“ за излез од државата, се бележи зголемена фреквенција на возила, но исто како и на останатите гранични премини, од македонска страна, нема подолги задржувања.