Во прекин сообраќајот на граничните премини Меџитлија и Дојран
Автомото сојузот на Македонија информира дека поради штрајк на грчките земјоделци од 17 часот во целосен прекин е сообраќајот при влез и излез од Грција на граничниот премин Меџитлија, а од 18 часот и на ГП Дојран. Блокадите, според најавите, ќе траат до 21 часот. На останатите граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.
Сообраќајот на сите државни патишта се одвива без забрани и по претежно влажни коловози во западните и југозападните делови и наместа влажни коловози во останатите делови на државата.
АМСМ препорачува внимателно возење, прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација. Посебно внимание е потребно на делниците кои минуваат низ клисурите и засеците, особено на патните правци Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Гостивар – крак Маврово - Стража, Демир Капија – Удово, Виница – Берово и Ресен - Буково каде е можна почеста појава на одрони.
Во сила е законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба.
Ново на Сител
-
Посебен сообраќаен режим во Скопје за Водици
-
Лазаров: Мораме да ја победиме Гвинеја
-
Православните верници го слават Богојавление - Водици
-
Учениците утре се враќаат на настава во второто полугодие од учебната 2024-2025
-
Доналд Tрамп планира патување во Кина по инаугурацијата
-
Вучиќ: Наскоро референдум или избори
-
Хамас: Поради технички причини, Израел се уште не добил список на заложници
-
Студено со негативни утрински температури