Во пожарот во Колорадо уништени речиси 1.000 домови, исчезнати три лица
Речиси 1.000 домови се уништени во шумскиот пожар во западната американска држава Колорадо, соопштија локалните власти, додавајќи дека три лица се водат за исчезнати и се стравува дека се мртви.
Шумскиот пожар во четвртокот принуди околу 30.000 жители да ги напуштат своите домови во општините Луисвил и Супериор, северно од Денвер.
Шерифот на округот Болдер, Џо Пеле изјави дека 991 градба биле уништени, а уште се 127 оштетени.
Пеле рече дека три лица се потврдени како исчезнати и се стравува дека се мртви бидејќи нивните домови биле уништени во пожарот.
– Има три нерешени [извештаи за исчезнати лица]. Нивните домови се уништени, потенцијално има човечки останки во тие домови. Остатоците сè уште се жешки, се е урнато, и сега е покриено со осум инчи снег, рече Пеле и додаде дека напорите за пребарување и закрепнување се значително попречени.
– Се сомневав дека ќе имаме човечки загуби само врз основа на големината на овој пожар, брзината и жестокоста. Мислам дека е чудо ако се три, а не 100 или стотици, па затоа сум благодарен за тоа, но и многу ми е жал за тие семејства, рече Пеле.
Шерифот рече дека истрагата за причината за пожарот продолжува.
Американскиот претседател Џо Бајден вчера одобри да се прогласи катастрофа.
Ваквите пожари се невообичаени во зима.
Ново на Сител
-
Претреси во Скопје, пронајдена дрога, одреден притвор за три лица
-
Полска и САД потпишаа договор за поддршка на системот „Патриот“ во вредност од речиси две милијарди долари
-
Откриени дилери на марихуана и амфетамин, поведена истрага
-
Полицијата трага по двајца штитеници од Јавната установа за згрижување деца
-
Во прилепско село пронајдена граната од Прва светска војна
-
Кривична за стружанец, градел на заштитено подрачје, узурпирајќи дел од Охридско Езеро
-
Продолжен притворот за 10 осомничени за падот на бетонската настрешница на железничката станица во Нови Сад
-
Санкциониран возачот кој управуваше возило по тротоар на Бит Пазар и ја загрози безбедноста на пешаците