Во пожарите во Португалија и во Шпанија загинаа 35 лица
Најмалку 35 лица загинаа во пожарите кои од вчера уништуваат земјоделско земјиште и шуми во Португалија и во Шпанија.
Во Португалија вчера и денеска загинаа 32 лица, а можно е да се зголеми бројот на жртви. Во огнената стихија повредени се 56 лица.
Во Шпанија, пожар ја зафати северозападната област Галиција, при што загинаа три лица. Пожари му се закануваат и на градот Виго, каде приградска студентска населба морала да биде евакуирана.
Пожарникарите и понатаму се борат со 50 пожари во Португалија и речиси ист број во Шпанија.
Во гаснењето на пожарите не се вклучени канадери поради густиот чад, кој ја намалува видливоста.
Владата на Португалија побара меѓународна помош и прогласи вонредна состојба на територијата северно од реката Тајо, што е половина од копнената површина на земјата.
Португалските и шпанските власти оценија дека некои од пожарите се подметнати.
Португалија се уште се опоравува од најсмртоносните пожари во историјата на земјата. Во пожарите во јуни годинава загинаа 64 луѓе.
Ново на Сител
-
Лишен од слобода кавадарчанец, со алат се обидел да влезе во туѓ дом
-
Уапсени Шабан Салиу, Ваљон Сарачини, Беким Незири за пожарот во Кочани, истрагата проширена за 23 лица
-
Без вода корисници во Сопиште
-
Панел - дискусија посветена на аутизмот во Кисела Вода
-
Бигорски ги кани верниците на одбележување на Цветници во црквата „Успение на Пресвета Богородица" во Дебар
-
Министерот Муцунски денеска ќе учествува на 4. Анталија Дипломатски Форум
-
Келог: Украина може да биде поделена како Берлин по Втората светска војна
-
Белата куќа ќе ги објави целосните резултати од систематскиот преглед на Трамп