Во пожар во тетовско Жилче загина 80-годишна жена
Жена на возраст од 80 години го загуби животот во пожар во куќа што се случи во тетовското Жилче. Пожарот се случил околу 7 часот утринава.
-Во 7 часот и 10 минути во СВР Тетово пријавен е пожар кон настанал во помошен објект до куќа во тетовското село Жилче, во кој престојувала и била пронајдена почината 80-годишната Р.Ѓ. од ова село. Пожарот го пријавил нејзиниот 44-годишен син, по што е целосно изгаснат од тетовската Територијална противпожарна единица, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
Командантот на тетовската пожарна Ука Алити информира дека во гаснење на пожарот учествувале три возила со седум пожарникари.
-По пристигнувањето и почнување со гаснење на пожарот ни беше кажано дека внатре има една жена. Ние влеговме во објектот и ја најдовме жената која за жал веќе беше почината. Забележавме оган во собата каде престојувала и на покривната конструкција. Пожарот е локализиран за дваесетина минути, изјави Алити.
Во тек е увид што го води Јавен обвинител, а во кој учествува и екипа од СВР Тетово.
Ново на Сител
-
Почна нов циклус на обуки на АХВ за едукација на потрошувачите
-
Одбележан Денот на Првата пешадиска бригада
-
СДСМ: Mицкоски да не се кити со туѓи перја
-
Дебарските пожарникари за три месеци евидентирале 31 интервенција
-
Вардар во Велес излеан на кејот, а во Градсиот парк поплавени дрвјата покрај брегот
-
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува на 4 април
-
Влада: Проблемот на работниците мора да се реши системски
-
Лагард: Американските царини ќе имаат негативно влијание врз целиот свет