Во последниот премиерски телефонски повик Џонсон се прости од „пријателот“ Зеленски
Во неговиот последен телефонски разговор како британски премиер, Борис Џонсон, денеска им оддаде почит на украинскиот претседател Володимир Зеленски и на украинскиот народ, изјавувајќи дека можат и ќе ја победат Русија и вети дека ќе останат во контакт како пријатели. „Премиерот разговараше со украинскиот претседател Володимир Зеленски за да му се заблагодари за неговото лидерство и пријателство.
Премиерот јасно стави до знаење дека верува оти претседателот Зеленски и неговиот народ можат и ќе ја добијат војната во Украина“, соопшти портпаролот на Даунинг стрит.
-Премиерот му кажа на претседателот Зеленски дека е привилегија да соработува со него и да го поддржува, а двајцата лидери се согласија да останат во контакт како блиски пријатели, додаде портпаролот. Џонсон утре и официјално ќе поднесе оставка од функцијата премиер, а на негово место доаѓа шефицата на британската дипломатија Лиз Трас, која денеска победи на внатре партиските избори во владејачката
Ново на Сител
-
Путин му честиташе на Трамп
-
Мицкоски: Со Макрон отворено разговаравме за одблокирање на патот на Македонија кон ЕУ
-
Бислимоски: Се уште е прерано да зборуваме каква ќе биде цената на електричната енергија по 1 јануари
-
Сменетиот израелски министер за одбрана: Нема причина армијата да остане во Газа
-
Доделени околу 80 отсто од ваучерите за купување инвертер клими
-
Лукашенко помилува 31 затвореник осудени поради „екстремизам“
-
Бајден вети мирен трансфер на власта
-
Кос: Ќе работам на тоа билатералните прашања да не се увезуваат во процесот на проширување